Мома седи на чардакот,
на чардакот, на одерот.
Пусто дрво, гнило било,
падна чардак на земја.
Скрил се лудо зад вратата,
фатил мома за раката.
Мома вели, ем говори:
- Пушти ме лудо, пушти ме!
Ние сме си близу рода,
први, втори братучеди.
Се излага лудо младо,
па ја пушти момата.
Бега мома од он' место,
се обрна и вели:
- Фати лудо јаребица,
па не знае да јаде.
Мома седи на чардакот
Забелешка: „Чардак“ е трем на кат пред собите, вид претсобје. „Одер“ или „одар“ е клупа од штици покрај ѕид која служи за седење и спиење.
If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!
Download MP3
Quality: up to 40kbps.
- Петранка Костадинова - Мома седи на чардакот
- Емил Ристосков - Мома седи на чардакот
- Елена Андоновска - Мома седи на чардакот
Performers
See more songs featuring audio samples by: