Помниш ли, либе Тодоро

Помниш ли, либе Тодоро,
кога се двајца љубевме,
во чичовото градинче,
под чичовото маслинче?

На една гранка стоевме,
вишни си цреши зобевме,
лута си клетва дадовме,
кој првин ќе се ожени.

Кој првин ќе се ожени,
девет години да лежи,
девет постели да скапе
и на десетта да стане.

На сламка да се потпира
и таа тешка да му е,
од лист опинци да носи
и тие тешки да му се.

Од лешник вода да пие
и таа многу да му е,
низ прстен да се издене
и тиа широк да му е!