Бисер балкански

Солзи сами капат, прости ми
тешки се ко твојте планини
плаче срце од три страни
што крвави многу години.

Е, е, е, еј, Македонијо,
ти си бисер балкански
сплоти Пирин, Егеј син
со бистри води вардарски.

Само една има вистина
има една Македонија
делете ја, парчете ја
пак ќе биде наша најмила.

Е, е, е, еј, Македонијо,
ти си бисер балкански
сплоти Пирин, Егеј син
со бистри води вардарски.

Македонци наглас запејте
македонско оро играјте
мајка мила спомнете ја
жива била Македонија.

Е, е, е, еј, Македонијо,
ти си бисер балкански
сплоти Пирин, Егеј син
со бистри води вардарски.